Посен ручек: Ослич во сос

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

(за 8 лица)

– 1 кг ослиќ (филети)

– 3 моркови

– 1 главица целер

– 1 главица кромид

– 1 пашканат

– неколку зрна бибер

Сос:

– чаша бело вино

– чаша вода

– 2 лажици брашно

– 2 лажици масло

– бибер

– сечкан лист магдонос

– сол

Подготовка:

Морковот, кромидот, целерот и пашканатот исечкајте ги на прстени.

Во голем правоаголен сад ставете ред филети од ослич, кој малку сте го намачкале со масло, одозгора ставете го целиот сечкан зеленчук, зрната бибер и сол по вкус, па завршете со уште еден ред филети ослич.

Сос:

На тивок оган загрејте две лажици масло, додадете две лажици брашно, малку сол и бибер. Промешајте неколку минути.

Потоа додадете чаша вино и чаша вода. Се вари кратко со мешање. Со овој сос прелијте ја рибата и кратко печете ја во загреана рерна.

Посипете со ситно сечкани листови магдонос.

Слични содржини