Посета на делагација на ССКМ на македонската амбасада во Пекинг

од Radmila Tasevska

Бизнис делегацијата од нашата држава, при посетата во НР Кина одржа средба во македонската амбасада во Пекинг со амбасадорот Василе Андоноски за запознавање на актуелните состојби и потенцијали за соработка меѓу двете земји.
Амбасадорот Андоноски, истакна дека РС Македонија и НР Кина имаат пријателски односи и соработката помеќу двете земји трае долги години
Во рамките на средбата се дискутираа глобалните, регионалните и локалните финансиски и економски текови, со посебен осврт на случувањата на македонскиот извоз и увоз на прехрамбени производи и виното како еден од приоритетните производи за кои има потенцијал и интерес за извоз од нашата држава.
Амбасадорот Андоноски, во неговата изјава по завршувањето на средбата изрази задоволство од средбата со бизнис делегацијата од нашите претставници и членови на Сојузот на Стопански комори и истакна дека ја дава својата поддршка за понатамошна соработка на бизнисите меѓу двете земји.

Слични содржини