Поскапе влезот во музејот „Лувр“, објавено колку изнесува новата цена на билетите

од Stefanija Kuzmanovska

Цената на билетите за „Лувр“ се зголеми за пет евра во пресрет на Олимписките игри во 2024 година, објавено е на веб-страницата на парискиот музеј. Цената на билетот од вчера е зголемена за речиси 30 отсто, од 17 на 22 евра.

Посетата на „Лувр“ и понатаму ќе биде бесплатна за лица помлади од 18 години и за жителите на Европската економска област помлади од 26 години.

Како што објаснуваат од управата на музејот во соопштението, поскапувањето е последица на инфлацијата и поскапувањето на струјата.

Отворен во 1793 година, „Лувр“ е најпосетуваниот музеј во светот.

Париз очекува околу 15 милиони туристи да присуствуваат на Летните олимписки игри.

Слични содржини