После специјалната епизода, „Пријателите“ повторно се собраа

од Stefanija Kuzmanovska

Актерите од култната серија „Пријатели“ беа гости во шоуто на Џејмс Корден, а тие го коментираа снимањето на специјална епизода, благодарение на што евоцираа спомени.

Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Мет Лебланк и Метју Пери ги воодушевија обожавателите ширум светот пред неколку дена со специјалната епизода на легендарните „Пријатели“, за која сè уште се зборува. Оваа недела, славната шесторка гостуваше во шоуто на Џејмс Корден, тргнаа да се прошетаат низ студиото на Ворнер и погледнаа назад како изгледаше повторно да се обединат по сите тие години.

„Мислам дека никој од нас не очекуваше дека собирот ќе нè допре толку многу“, рече Џенифер Анистон.

„Беше навистина важно и емотивно повторно да се појавам на истиот сет. Беше прекрасно што сите бевме во иста просторија “, прокоментира Давид Швимер.

Токму Џејмс Корден беше домаќин на специјална епизода во која, покрај оригиналната постава на „Пријатели“, се појавија и бројни други познати личности.

Слични содржини