Последниот Бонд на Крег: Се појави нов трејлер за „No Time To Die“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

По повеќе од 18 месеци задоцнување, конечно пристигна последниот трејлер за филмот „No Time To Die“, каде што за последен пат ќе го гледаме Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд. Очекувано, ќе бидеме сведоци на голема акција.

Агентот 007 се соочува со непријателот Ернст Ставр Блофелд, кој го игра Кристоф Валц.

Се чини дека старите непријатели можеби биле принудени да создадат непријатен сојуз. „Џејмс, судбината не спојува повторно. Сега твојот непријател е мојот непријател. Како се случи тоа?“

„Па, живееше доволно долго“, му рече Бонд.

Тука е и кубанската sвезда Ана де Армас, која ја игра оперативката на ЦИА – Палома.

Главниот негативец во петтото појавување на Крег како Бонд е Сафин, кој го игра оскаровецот Рами Малек, кој има лузни на лицето и вознемирувачка бела маска.

Премиерата на филмот „No Time To Die“ е на 8 октомври.

Погледнете го трејлерот:

Слични содржини