Потера на папараците со автомобили по Хари и Меган „можела да заврши трагично“

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл неодамна присуствуваа на еден настан и беа главна тема на медиумите.

Друштво им правеше и мајката на Меган, Дорија Рагланд, а како што подоцна беше објавено, вечерта не завршила добро.

Според ПР тимот на војводата и војвотката од Сасекс, тие на крајот биле „бркани“ од папараците, а тоа можело „да заврши трагично“.

„Синоќа, војводата и војвотката од Сасекс и г-ѓа Дорија Рагланд се најдоа среде речиси катастрофална потера со автомобили, во режија на круг од многу агресивни папараци. Оваа немилосрдна потера, која траеше повеќе од два часа, резултираше со повеќекратни судири во кои учествуваа други возачи на патот, пешаци и двајца полицајци од Њујорк“, се вели во соопштението.

По ова се огласи и градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, кој го оцени инцидентот како „непромислен и неодговорен“, нагласувајќи дека не е сигурен дека се се случило како што се тврди во соопштението.

Од друга страна, како што пишува „Индипендент“, таксистот кој ги возел Хари и Меган рекол дека „во ниту еден момент не се чувствувал како да се во опасност“.

Настанот имаше дополнителен оддек бидејќи мајката на Хари, принцезата Дајана, почина во Париз во потера на папараците.

Според гореспоменатите медиуми, Меган и Хари побарале од калифорниската агенција Backgird да ги предадат фотографиите и видеата кои се направени додека се возеле.

Тие одбиле да го сторат тоа и издале официјално соопштение.

„Во Америка, како што сум сигурен дека знаете, имотот му припаѓа на сопственикот. Трета страна не може да бара да му се предаде, како што можеби би можел некој крал. Можеби треба да седнете со вашите клиенти и да им кажете дека оваа земја одамна ги отфрлила англиските правила за кралско првенство и бара имотот да ѝ биде доделен на круната“, се вели во соопштението.

Слични содржини