Потона најголемиот брод на иранската морнарица

од Stefanija Kuzmanovska

Најголемиот брод на иранската морнарица потона во Оманскиот Залив по пожарот што избувна синоќа. Екипажот успеа да се евакуира.

Пожарот избувна синоќа од засега непознати причини и, како што соопшти морнарицата, екипажот на бродот Карг успеал да се евакуира пред потонувањето на бродот, во близина на пристаништето Јаск во јужен Иран.

Карг беше еден од неколкуте бродови на Иранската морнарица што даваше поддршка на други бродови, а исто така беше и појдовна точка за хеликоптери.

Бродот е изграден во Велика Британија и заплови во 1977 година, а во иранската морнарица е од 1984 година.

Слични содржини