Потребни се „цврсти критериуми„ за прологирање на Брегзит, оценка на германски министер

од Vladimir Zorba

Велика Британија на европските лидери треба да им покаже поголем напредок во однос на Брегзит доколку сака да добие продолжување на рокот за излез од Унијата, изјави германскиот министер за европски прашања Михаел Рот.

– На крајот на краиштата, ние очекуваме суштински чекори во вистински правец изјави тој пред министерската средба во Луксембург, која е подготовка за утрешниот Самит на ЕУ.

-Засега, воопшто не е сменето ништо, истакна Рот, потенцирајќи дека понатамошно продолжување на рокот за истапување од ЕУ мора да биде придружено од „многу строги критериуми“.

Тој оцени дека за ЕУ ова е многу фрустрирачка ситуација, која мора да работи на своите планови за иднината. с

Слични содржини