ПОЦ: Само изминатата седмица, санкционирани 190 непрописно паркирани возила во Центар

Од ЈП, Паркинзи на општина Центар денес информираа дека само во изминатата седмица биле санкционирани 190 напрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 95 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 95 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, се вели во нивното соопштение

Инаку, од таму апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Слични содржини