Повеќе од 2,5 милиони луѓе ширум светот починаа од коронавирус

од Nikola Popovski

Повеќе од 2,5 милиони луѓе во светот починаа од коронавирус од почетокот на епидемијата во декември 2019 година, го објави денес агенцијата Франс прес, новиот биланс собран до 17:30 часот по локално време.

Точно два милиони и 500.172 лица починале од коронавирус, додека 112 милиони и 618.488 биле заразени.

Европа е најпогодена област со 842.894 смртни случаи, пред Латинска Америка и Карибите (667.972) и САД и Канада (528.039).

На пет земји – САД, Бразил, Мексико, Индија и Велика Британија им припаѓаат скоро половина од сите смртни случаи.

Слични содржини