Повторно избувна пожарот кај селото Вапила

од Nikola Popovski

Пожарот во с.Вапила е повторно активиран према с.Сирула, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите, гори карпест предел со ниска вегетација, а теренот е непристапен.

-На лице место присутни се представници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки, стои во информацијата на ЦУК.

Претходно ЦУК излезе со информација дека пожарот е целосно изгаснат.

Слични содржини