Повторно промени во листата на милијардери

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Сопственикот на технолошката корпорација Meta, Марк Закерберг се искачи на најновата листа на милијардери на Блумберг и го зазеде третото место, додека сопственикот на корпорацијата за луксузни стоки LVMH Бернард Арно падна на четвртата позиција.

Како што се наведува, богатството на Закерберг се зголемило за 4,32 милијарди долари на 188 милијарди долари од последното мерење, а од почетокот на годината неговата пазарна вредност е зголемена за 59,5 милијарди долари.

И богатството на Бернард Арно се зголеми од последното мерење, но „само“ за 884 милиони долари до 185 милијарди долари.

Податоците покажуваат дека имотот на Арно е намален за 23 милијарди долари од почетокот на годината.

Најбогат човек на светот и натаму е сопственикот на компаниите X и Tesla, американскиот претприемач Илон Маск, кој има имот од 235 милијарди долари, а зад него е основачот на компанијата Amazon, Џеф Безос, со богатство од 193 милијарди долари.

Во првите десет се и ко-основачот на Microsoft Бил Гејтс, поранешниот шеф на Oracle, Лери Елисон, ко-основачот на Google Лери Пејџ, поранешниот директор на Microsoft Стив Балмер, вториот ко-основач на Google Сергеј Брин и инвеститорот Ворен Бафет.

Слични содржини