324
Имајќи го предвид притисокот, во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата Борис Трајковски зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа и порано за да дојдат и да ја стават салата во функција, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Се работи за помалата сала, не големата. Ќе има и околу дваесетина места кадешто ќе може да се спроведе вакцинацијата.
– Верувам дека тоа ќе ги растерети гужвите и редовите коишто ги имаме пред Здравствените домови, рече Филипче.