Повторно шокира: Бритни Спирс позираше целосно гола (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Поп ѕвездата Бритни Спирс повторно ги шокираше своите следбеници на Твитер, кога објави фотографија на која позира целосно гола.

Бритни се почесто ги изненадува своите фанови со разголени фотографии, а овој пат отиде чекор понатаму и позираше целосно гола.

Пејачката неодамна беше ослободена од старателството на нејзиниот татко Џејми Спирс, под кое беше 13 години, а оттогаш многумина коментираат дека нејзиното однесување е целосно неприфатливо.

Бритни овој пат позираше во кревет, а со раката ги покри интимните делови од телото, а под сликата напиша непримерна порака.

– Оваа недела имам филмска премиера на Законодавството на моето „маче“ – напиша таа на Твитер.

Овој нејзин потег наиде на бројни негативни критики, а некои коментираа дека „треба да ѝ се одземе телефонот“.

Слични содржини