Пожар избувна во Градскиот трговски центар во Тетово

од Radmila Tasevska

Попладнево тетовските пожарникари интервенираа на пожар што избувна во дуќан во Градскиот трговски центар во центарот на градот. Поради пожарот густ чад се појави над објектот, а според првичните информации нема повредени луѓе.

-Според првичните информации од пожарникарите огнот избувнал во дуќан на третиот кат кој што не се користел активно, туку служел како магацин.

Пожарот беше пријавен во 15.40 часот. Веднаш е интервенирано со 2 противпожарни возила и за кратко време пожарот е изгаснат. Нема повредени само е причинета материјална штета, информираше Авни Амети од ТППЕ Тетово.

Слични содржини