Пожар избувнал вчера во Клиниката за инфектологија

од Ивана Рамаданова
358 прегледи

Вчера попладнето било пријавено дека избувнал пожар во Клиниката за инфектологија при комплекс клиниките „Мајка Тереза“.

„Вчера во 18:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во Клиниката за Инфектологија во комплекс клиниките „Мајка Тереза“ при што опожарени биле кабли и цевки во тоалет од една од собите. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје“, соопштуваат од МВР.

Од МВР информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен јавен обвинител.

Слични содржини