Пожар кај Мавровка, изгоре познатото кафуле „Фонтана“

од Берта Китинска

Доцна синоќа избувна голем пожар во угостителскиот објект кој се наоѓа пред ТЦ ,,Мавровка“ до споменикот на Хасан Приштина.

На социјалните мрежи се појавија видеа од голем пожар кој се случил пред трговскиот центар Мавровка во кафулето „Фонтана“.Според неофицијалните информации, причинета е материјална штета а жртви нема.

Се очекува во текот на денот надлежните институции да излезат со детали за настанот.

Слични содржини