Пожар во рудник за злато во Перу, најмалку 27 загинати

од Nikola Popovski

Најмалку 27 лица загинаа во пожар во рудник за злато во јужниот дел на Перу, соопштија денеска властите.

Пожарот избувнал рудникот Есперанца лоциран во провинцијата Кондесухос, во оддалечена област во регионот Арекипа, известија претставниците на полицијата и обвинителството присутни на местото на несреќата. Како што e соопштено, се наведува дека пожарот го предизвикал краток спој.

„Според информациите што ги имаме, во рудникот има 27 загинати“, изјавил обвинителот Џовани Матос.

Пожарот, кој се чини дека избувнал по експлозијата, се случил вчера, но полицијата дури денеска била информирана дека има жртви.

Спасувачките служби денеска почнале да го обезбедуваат рудникот за да можат да влезат во него.

„Мораме да се погрижиме местото каде што се наоѓаат телата да биде безбедно и да можеме да влеземе и да ги извадиме“, рекол обвинителот.

Слични содржини