Пожар во станбена зграда во Кина, двоцифрен број на жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчи, главен град на западната кинеска област Синџијан, пренесе државната телевизија CCTV.

Како што наведуваат, причина за пожарот, кој избувна вчера на 15-ти кат од зграда, е неисправна електрична инсталација, пренесува „Ројтерс“.

Девет повредени лица се задржани во болница поради труење со чад, но се надвор од животна опасност.

Слични содржини