Пожари беснеат во Грција, најкритичното жариште во близина на Атина (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во Грција продолжуваат напорите да се стават под контрола пожарите во предградијата на главниот град Атина, а судејќи според временските прогнози, на неволјите им нема крај.

Неколку шумски пожари досега присилија евакуација на села, летни кампови и домови за стари лица.

Се очекува оваа недела во делови од Грција температурите да достигнат и до 44 Целзиусови степени, што претставува закана за нови шумски пожари.

Инаку, од понеделникот избувнаа неколку шумски пожари ширум Грција – вклучително и оној што доведе до евакуација на 1.200 деца од летен камп.

Најсилното огнено жариште моментално е во регионот Дервенохорија северно од Атина, каде што на сателитските снимки може да се види чад.

Други пожари продолжуваат да беснеат во градовите Лутраки – крајбрежен град во близина на градот Коринт – и во Куварас, јужно од главниот град.

Слични содржини