Пожарот кај Богданци се движи кон куќите на село Ѓавато, хеликоптер ќе се активира рано изутрина

од Nikola Popovski

Центарот за управување со кризи излезе со повеќе детали за пожарот што се разгоре на местото Погана помеѓу Гевгелија и Богданци. Покрај пожарникарите, на помош се и вработени од Општина Богданци и мештаните.

-Пожарот, заради метеоролошките услови со ветер и теренските услови – непристапност и густа вегетација, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, како и селото Ѓавато. Побарано е да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места, велат од ЦУК.

Заради временски услови и краток временски интервеал на дејствување хеликоптерот нема да полета денес според известувањето на ОЦ на ГШ на Армијата, додаваат од таму. Се планира тоа да се случи утре во 05:00 часот.

Според последните информации пожарот се движи кон куќите во с.Ѓавато.

Слични содржини