Пожарот во автобусот започнал во багажникот, тврди Русковска

од Nikola Popovski

Го видов автобусот и го сликав. Делот каде што фактички започнал пожарот е во багажниот простор над резервоарот на автобусот. Знаеме дека кај автобусите резервоарот е напред, изјави шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за ТВ Телма.

Во однос на шпекулациите во дел од бугарските медиуми дека се пренесувал материјал за изработка на хероин, која брзо горела, Русковска категорично го демантираше тоа.

-Тоа кога го прочитав, се уште тука беа бугарскиот обвинител и главниот истражител и им го покажав. Двајцата категорично изјавија дека тоа не е точно, рече обвинителката.

Слични содржини