Познат скопјанец осомничен за убиството на Вања

од Vladimir Zorba

Извршител на убиството на Вања Ѓорчевска е познат скопјанец со иницијали Љ.П. , дознава „Локално“ од извори од МВР. Тој е во бегство и е недостапен за властите.

Љ.П., кој во изминативе години имаше и обиди да создаде политичка партија, е еден од петтемина осомничени за убиството на Вања, чие тело беше пронајдено вечерва во околината на скопското село Орман.

Сомневањата се дека убиството е сторено од користољубие, односно заради пари.

Слични содржини