Позната манекенка позираше во минијатурно бикини на јахта (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Изабел Гулар важеше за една од најпопуларните манекенки во светот. Атрактивната Бразилка се пензионираше, а ниту во пензија не престана да се грижи за својот физички изглед.

Поранешниот ангел на Викторија сикрет позираше на одмор на Ибица во црвено бикини додека носеше мали триаголници кои ѝ ги покриваа градите и танга.

Изабел Гулар се дружела со своите пријатели на луксузна јахта и уживала во летните денови, а со неа бил и нејзиниот вереник, голманот Кевин Трап.

Атрактивната бразилска манекенка на социјалните мрежи сподели фотографии од одморот, а нејзините следбеници останаа воодушевени од нејзината витка линија.

Иако Изабел Гулар се приближува до својата 5-та деценија, таа може да се пофали со прекрасна фигура на која би ѝ позавиделе многу нејзини помлади колешки.

Слични содржини