Познатата актерка откри: Никогаш не сум пробала кафе

од Симе Стоиков

Американската актерка Сидни Свини, која последниве месеци е во центарот на вниманието на јавноста благодарение на улогата во серијата „Еуфорија“ на HBO која ја прослави, ја откри тајната на нејзиниот совршен изглед и особено изненади со едно признание.

Оваа атрактивна русокоса има 26 години и многумина ја сметаат за една од најубавите актерки на денешницата, па се поставува прашањето – што прави таа за да ја одржи фигурата?

Интересно и донекаде неверојатно, но Сидни никогаш не конзумира кафе и често функционира само со два часа сон, како што самата кажа.

„Спијам онолку часови колку што имам сон, но позната сум по тоа што можам да функционирам со многу, многу малку сон многу“, изјави убавата актерка во интервју за „Волстрит журнал“.

Многумина дефинитивно не очекуваа ваков одговор, бидејќи е познато дека осум часа сон се неопходни за убавина и здравје, а кога актерката ја прашаа за рутината за појадок, таа додаде:

„Никогаш не сум пробала кафе, пијам само вода за појадок. Сакам овошје, бобинки. Можеби некогаш малку сланина, кроасани, но секогаш има бобинки“.

Слични содржини