Познатата манекенка и поранешна сопруга на Орландо Блум го очекува четвртото дете (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Многу сум возбудена што можам да го најавам бебето број четири, напиша моделот Миранда Кер покрај фотографијата на која го покажува трудничкиот стомак.

Во следната објава на Snapchat таа откри дека на пат е уште еден син! Таа и милијардерот Еван Шпигел веќе ги има синовите Мајлс (3) и Харт (5), а Миранда од бракот со Орландо Блум го има 12-годишниот син Флин.

Инаку, таа не го крие ентузијазмот за новата избраничка на нејзиниот поранешен сопруг, Орландо Блум, кој со години е во среќна врска со пејачката Кети Пери.

„Многу сум среќна што ги споделувам родителските должности со Орландо и Кети“, изјавила Миранда за австралиското издание на магазинот „Вог“.

Слични содржини