Пратеничка од Нов Зеланд заминала со велосипед да се породи

од Milan1

Пратеничката на Зелените, Џули Ен Џентер, утрово со велосипед пристигнала во болница, во која се породила еден час подоцна.

„Важна вест! Во 3:04 часот утрово го поздравивме најновиот член на нашето семејство. Искрено, не планирав да заминам на породување со велосипед, но се случи“, напишала Џентер на Фејсбук.

Политичарите на оваа островска нација од 5 милиони жители имаат репутација на многу опуштени и приземни луѓе. Премиерката Џасинда Ардерн своевремено зеде породилно отсуство додека беше на функција и го донесе 3-месечното бебе во ОН на состанок, додека сè уште доеше.

„Контракциите не беа толку страшни кога тргнавме кон болницата, иако беа на растојание од 2 до 3 минути. Интензитетот им се зголеми во моментот кога пристигнав во болницата 10 минути подоцна“, напишала Џентер и додала дека нејзиното здраво дете мирно спие заедно со својот татко.

Политичарката и во 2018 година отишла со велосипед до болница, кога се породила со своето прво дете.

„Прекрасно неделно утро за возење велосипед до болница, за конечно да го родам ова бебе“, наведе тогаш Џентер на Инстаграм.

Слични содржини