60
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да се вклучи во работата на Парламентот, било одлучено на денешниот координативен состанок со партискиот врв што заврши околу 11 часот.
Од партијата не наведуваат детали зошто тие донесоа ваква одлука, само посочуваат дека претседателот на партијата Христијан Мицковски во 13 часот ќе одржи прес-конференција на која таа ќе биде образложена./МИА