Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се потпишуваат за дневници и патни трошоци, ама не работат, објави Костовски (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат се во Собранието, се потпишуваат за евиденција, ама не работат, обвини денеска пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Тој објави видео на својот Фејсбук профил од празните пратенички клупи каде што треба да седат пратениците од опозицијата.

-Потпишани за евиденција (ќе земат дневници и патни тришоци) ама НЕ РАБОТАТ, ПИЈАТ КАФЕ и ЛИМОНАДА. Македонци анализирајте, цените и одлучите кој е искрен, а кој фолирант, објави Костовски.

Пратеникот побара промена на собранискиот Деловник.

-Ако не си на работно место, нема плата, додаде Костовски.

Слични содржини