Предлог за ручек: Крцкаво пилешко кое брзо се подготвува

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска, прескокнете ја доставата и подгответе крцкаво пилешко за паметење со малку јогурт и уште неколку состојки.

Препорачуваме да пржите крилца или батаци.

Ова е рецепт за фантастично и вкусно јадење.

Состојки:

150 гр грчки јогурт
1 лажица сенф
1 лажица јаворов сируп
½ лажица лут сос
сол, бибер
8 пилешки батаци
200 гр корн флекс
мелено лукче
мелен црвен пипер
масло

Подготовка:

Добро измешајте ги јогуртот, сенфот, сирупот и лутиот сос, па добро зачинете ја маринадата. Додадете го пилешкото и маринирајте го најмалку половина час, по можност подолго. Потоа, пред да се пржи, валкајте го пилешкото во изронет корнфлекс измешан со сол, бибер, мелено лукче и пиперка. Се става во длабоко масло и се пржи неколку минути, додека пилешкото да добие златна боја.

Префрлете ги батаците во чинија обложена со кујнски крпи за да се исцедат вишокот маснотии. Послужете топло, со сос од јогурт.

Слични содржини