Предлог за ручек: Пилешко со сирење и спанаќ

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 2 пилешки батаци

Маринада:

– 1 лажица сенф

– сол, бибер, други зачини по желба

Смеса за поховање:

– 2 јајца

– 2 лажици брашно

– 3 лажици презла

– 1 лажица пармезан

– малку мелен црвен пипер

Фил:

– спанаќ

– фета сирење

Подготовка:

Исчистете ги коските од пилешките батаци. Ставете го месото во проѕирна фолија и малку удрете го со чекан за месо.

Месото премачкајте го со сенф и зачини, па ставете го во фрижидер еден час.

Готовото месо ставете го на фолијата и наполнете го. На едната страна од пилешкиот стек ставете спанаќ, а потоа фета сирењето.

Филуваниот стек цврсто и внимателно свиткајте го и ставете чепкалки, завиткајте ги во фолија и оставете го во фрижидер до поховањето и пржењето.

Непосредно пред ручекот извадете го пилешкото од фрижидер. Изматете ги јајцата и посолете малку.

Пилешко малку валкајте го во брашното, па во јајцата, а потоа во презлата измешана со пармезанот.

Го ставаме во загреано масло и го пржиме полека додека убаво да порумени. Пржете го пилешкото од сите страни. Извадете го прженото пилешко на хартиена крпа за да го впие вишокот маснотии и да се излади.

Изладеното пилешко исечете го на парчиња и послужете го со салата по ваш избор.

Слични содржини