Предвреме се опуштивме, сега ќе почекаме

од Берта Китинска
308 прегледи

Комисијата за заштита од заразни болести вчера не одржа состанок поради зголемениот број на новозразени од  Ковид-19.

-Комисијата  според анализата смета дека веќе има услови делумно да се олеснат мерките во одредени сегменти и тој предлог на Комисијата ќе се разгледа на седница на Влада доколку драматично не се влоши состојбата, информираше вчера вицепремиерот Бујар Османи, кој е главен координатор на кризните штабови на општините за справување со КОВИД-19.

Во саботата, од 36 нови случаи, дури 20 биле во контакт со заразен, што според доктор Жарко Караџовски претставува индиција дека мерките не се почитувале некаде околу Велигден и Први Мај.

По одржаниот собир во Струга, каде имаше масовно излагање на вреници и непочитување на мерките, ИВЗ најави дека денеска ги отвора вратите на џамиите и покрај апелите на надлежните.

Викендов топлото време ги натера граѓаните да излезат од своите домови и да се прошетаа низ парковите. И таму можеше да се забележи  луѓе без маски групирани на клупите и полни игралишта со деца.

Периодот на инкубација на коронавирусот трае најмногу 14 дена од контакт со заразен, што значи дека новата бројка од собирите на кои не се почитуваа препораките би можела да се види за 2 недели.

Според заменик-министерот за здравство, Арменд Аслани, сите мерки што се применуваат во моментов остануваат во сила и тие треба да се почитуваат.

– Комисијата за заразни болести не донесе заклучок дека треба да оди информација во Главниот кризен штаб и понатаму во Владата за продолжување на полицискиот час. Тоа што се дискутираше е врз основа на протоколите и врз основа на тие клучни компоненети се направени и фази, како во однос на Заводот за рехибилитација, за авто-школите, спортските тренинзи што ги исполнуваат условите и во најкраток можен рок може да ги спроведуваат нивните активности, рече вчера Аслани.

Сите информации се анализираат на дневна основа од терен, но како што најави, ќе почне да се анализираат и на неделно ниво и да се дојде до заклучок за да се оди во втората фаза. Тоа би биле мерки што се однесуваат на кафетерии, ресторани, хотелски објекти, јавен превоз, меѓународен превоз, за што нема дефинитивен датум. Во однос на можноста за одржување избори ќе има простор да се разговара кога бројот на заболени би бил под пет проценти 14 дена, смета Аслани.

Според последната статистика од Министерството за здравство, од последните 22. новозаразени од Ковид-19 во државава, 13 се во Скопје, седум во Прилеп и двајца во Прилеп. Вчера беа регистрирани 64 оздравени пациенти. Во Скопје на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 42 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација двајца. Во ГОБ „8 септември“, пак, од хоспитализирани 18, на респираторна машина се четворица пациенти и уште четири се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се хоспитализирани двајца пациенти сомнителни на ковид, во Штип седум, додека на инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19. Досега се починати 91 лице.

Слични содржини