166
Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово по што возачот избегал.
МВР информира дека несреќата се случила синоќа на кружниот тек од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Гоце Стојчески“. Повредениот малолетник од село Шемшово е пренсен во Клиничката болница во Тетово каде му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.