Преку апликацијата за самопопишување досега вкупно се регистрираа 40.397 лица

Преку апликацијата за самопопишување, заклучно со утринава се регистрирале вкупно 40.397 лица кои се надвор од земјава.

Инаку, самопопишувањето за оние кои не се во земјава, започна на 1. март, а ќе заврши исто како и пописот на присутните во С.Македонија, односно 21. април.

Од Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера наведоа дека секојдневно го следат процесот и се во постојана комуникција со македонските иселници. Проблемот со ненавременото добивање повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира.

Самопопишувањето за едно лице, според ДЗС, трае само 10 минути, воопшто не е сложено и ги охрабрува и мотивира иселениците да одвојат кусо време за да се самопопишат.

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, кој ќе започне на 1 април.

Слични содржини