Преку онлајн системот досега се регистрираа 50.200 лица за вакцинација против Ковид 19

Досега вкупно 50.200 граѓани се пријавени за вакцинација против Ковид 19 преку онлајн системот вакцинација.мк, додека пак, преку матичните лекари досега се пријавиле 23.808. лица, информираше Министерството за здравство, пренесе МИА.

За потсетување, граѓаните покрај онлајн системот, можат да се пријават за вакцинирање преку матичните лекари и системот „Мој термин“.

Утре започнува вакцинирањето на првата група здравствени работници кои се пријавиле, а на број се 4000, од кои 2000 се од главниот град, и тоа со пристигнатите 4680 вакцини од Фајзер кои како донација ги испрати соседна Србија.

Како што е најавено, до крајот на февруари се очекува пристигнување и на 200.000 дози од кинеските вакцини од „Синофарм“, а според предвидениот план, вакцинацијата ќе се одвива со 2.500 вакцинирани лица на дневно ниво.

 

Слични содржини