Преплива речиси 3.000 километри без одмор на копно

од desk2
141 прегледи

Британскиот авантурист Рос Еџли е првиот човек кој исплива 2.865 километри околу Велика Британија, триумфално во неделата застана на брегот на градот Маргејт, по пет месеци, пишуваат британските медиуми.

Триесет и тригодишникот од Грантам во Линколншир потфатот го почна на 1 јуни во Кент. Одлучи да плива во правец на сказалките на часовникот.

За време на авантурата не стапна на копно ни еднаш, а повремено одмараше на бротчето што го следеше.

Еџли, кој дневно пливаше по шест часа, а шест одмараше во чамецот, на патот се бореше со силните струи, убоди од стотина медузи и болниот јазик што му го нагризуваше солената вода.

Во текот на патувањето потроши 500.000 калории и изеде 500 банани кои му даваа потребната енергија за енормни физички напори.

Кон половината на вгуст го собори светскиот рекорд во најдолго пливање на отворено море, кој дотогаш го држеше Французинот Беноа Лекомт, а изнесуваше 73 дена. Лекомт, кој живее во САД, во 1993 година го преплива Атланскиот Океан, поминувашји 6.400 километри. од Масачусетс до Франција.