Преполовени испораките на нафта од земјите од Персискиот Залив

Од земјите од Персискиот Залив во април се испорачани 57 отсто помалку нафта во споредба со периодот пред почетокот на американско-израелската воена операција против Иран, соопшти во петокот една од најголемите светски инвестициски банки, „Голдман Сакс“

од Кристијан Димков
30 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Њу Јорк Тајмс

Производството на нафта во тој регион овој месец во просек е намалено за 14,5 милиони барели дневно. Од „Голдман Сакс“ веруваат дека по обновувањето на пловидбата низ Ормускиот теснец, ќе бидат потребни месеци за производството да се врати на нивото од пред конфликтот, пренесува „Данас“, повикувајќи се на ТАСС.

Глобалниот пазар на нафта е под сè поголем притисок поради ситуацијата на Блискиот Исток, поради што цената на барел референтна сурова нафта од типот „брент“ (Brent) порасна петти ден по ред, со неделен раст од 17 отсто.

Во четвртокот, цената на фјучерсите за нафтата „брент“ со испорака во јуни, на лондонската берза надмина 107 долари за барел.