Престрелка во Канада: Едно лице загина, а неколкумина се повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку лица се повредени, а засега е потврдено дека еден е мртов, во масовно пукање во канадската провинција Колумбија, јавија локалните медиуми.

Убиецот е уапсен благодарение на брзата акција на полицијата, која веднаш штом почнала пукањето ги известила граѓаните да не излегуваат надвор, во кој реон се наоѓа, заедно со опис на стрелецот, кој бил во бегство по инцидентот.

– Повеќекратни престрелки во центарот на Ленгли со еден инцидент во градот Ленгли со жртви – гласеше дојавата испратена до телефоните на жителите на Британска Колумбија.

Жртвите биле бездомници, а полицијата верува дека нападот бил планиран.

Уапсено е едно лице, кое се смета за одговорно за масовното пукање, но се уште не е утврдено дали се вмешани и други лица, пренесува „Индипендент“.

– Уапсивме едно лице, маж, но не знаеме дали има други лица инволвирани во овој инцидент, па предупредувањето го оставивме на сила- изјавија надлежните органи на Британска Колумбија.

Полицијата издаде две предупредувања, а неколку улици останаа затворени, вклучувајќи ја и главната рута низ центарот на градот.

Слични содржини