Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, приведени пет лица

од Nikola Popovski

На 13.12.2023 во 12.00 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(38), Р.А.(35), Д.В.(31), Д.Т.(28), сите од Свети Николе и 23 – годишната А.П. од с.Горобинци, светиниколско.

Имено, при контрола на патничко возило во кое се превезувале Д.С. и Р.А., кај Д.С. била пронајдена и одземена прашкаста материја која ја купил од Д.В. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Д.Т., каде ги затекнале Д.В. и А.П., при што била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини