Претседателката на Тајван се огласи за првпат по посетата на Пелоси: „Подготвени сме“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен, денеска издаде соопштение во кое изјави дека островот е подготвен да одговори „ако тоа биде потребно“, објави „Гардијан“.

Цаи Инг-вен се огласи на Твитер веднаш по 13 часот по локално време.

„Нашата влада и армија внимателно ги следат кинеските воени вежби, ги следиме сите информации, подготвени сме да одговориме доколку е потребно. Ја повикувам меѓународната заедница да поддржи отворен, демократски Тајван и да запре секаква ескалација на регионалната безбедносна ситуација“, порача Цаи.

Слични содржини