Претседателот Пендаровски присуствуваше на армиска вежба во касарната „Народен херој Страшо Пинџур” во Петровец

Преку вежбата, истовремено, беше презентирана дел од новата опрема и лично вооружување на лесната пешадиска баталјонска група.

од Бети Божиноска

Претседателот Стево Пендаровски денеска во касарната „Народен херој Страшо Пинџур” во Петровец присуствуваше на методско показна вежба на тема „Лесен пешадиски вод во извршување на наменски задачи: патролирање, чистење на патен правец и реакција на контакт”.

Вежбата ја спроведоа околу 100 припадници на Првата пешадиска бригада на Армијата. Сценариото на вежбата опфати деминирање на патен правец при вршење на патрола и симулација на контакт со непријателски сили и нивно неутрализирање.

Преку вежбата, истовремено, беше презентирана дел од новата опрема и лично вооружување на лесната пешадиска баталјонска група.

Претседателот Пендаровски оцени дека успешната реализација на вежбата е уште еден показател за професионалноста, посветеноста и подготвеноста на припадниците на Армијата, како доверлив партнер во рамки на НАТО алијансата и ги реафирмираше своите заложби и очекувања за натамошна модернизацијата на Армијата и во следните години.

 

Слични содржини