Претставен новиот Audi RS Q3 Sportback

од desk2

Audi ги претстави двата нови RS модели од семејството Q3, а ние ќе ви го претставиме поатрактивниот од двата автомобили.

За промоцијата на моделот RS Q3 Sportback, Audi избра „отровно“ зелена боја што одлично им прилега на автомобилите со врвни перформанси.

Сепак, најголемиот адут на овој модел е неговиот 5-цилиндарски 2,5-литарски турбо бензински мотор што произведува 400 коњски сили (294 kW) и максимален вртежен момент од 480 Nm, во комбинација со седумбрзински S tronic автоматски менувач.

Погонот се пренесува на сите четири тркала со помош на системот Quattro, а автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,5 секунди.

Достигнува максимални, електронски ограничени 250 км/ч, со опција да се доплати и да се добијат максимални 280 км/ч.

Слични содржини