Италија ќе воведе „алко катанци“ за возачите фатени дека возеле пијани

од desk2
15 прегледи

Италијанските возачи што ќе бидат фатени дека возат пијани, ќе мора во своите автомобили да вградуваат „алко катанци“, уреди што ќе ги спречат во иднина да возат под дејство на алкохол.

Станува збор за уреди слични на полициските дрегери – возачот ќе мора да дува во уредот и ако се регистрира присуство на алкохол над 0,5 промили, автомобилот нема да може да се стартува.

Владата на премиерката Џорџа Мелони со овој потег сака да го намали бројот на сообраќајки предизвикани од пијани возачи. Во Италија во сообраќајни несреќи годишно загинуваат околу 3.000 луѓе, а причина за несреќите честопати е алкохолот.

Според новиот закон, возачите фатени со 0,8 промили алкохол, ќе бидат приморани две години откако ќе им биде вратена возачката дозвола во својот автомобил да имаат алко-катанец.

Уредот и неговата инсталација чинат околу 2.000 евра.

Возачите фатени со 1,5 или повеќе промили, ќе мора да го имаат уредот најмалку три години.

Како тоа ќе функционира во практика е тешко да се прогнозира, оти според експертите, ваков уред не може да се вгради во возила постари од 20 година, а такви се речиси една петина од автомобилите во Италија.

Слични содржини