Претставка и кривична за обвинителката Трајчева за неовластено постапување

од Nikola Popovski

Даниел Станчев поднел претставка против јавната обвинителка Ивана Трајчева од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, соопштија од адвокатскиот тим на поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски. Ова се должи, како што се вели во дописот до медиумот, бидејќи обвинителката издала наредба на двајца истражители – полицајци во ОЈО ГОКК да прибават документација и информација за неговата здравствена состојба и да напишат извештај за истата, како и други податоци поврзани со него како пациент од ординацијата каде е неговиот матичен лекар.

-Со ваквото постапување, надвор од своите овластувања, Ивана Трајчева направила груба повреда на Кривичниот закоин со извршување на кривично дело од член 353 од кривичниот законик, како и повреда на низа одредби од Законот за кривична постапка. Имено, во услови кога е очигледно дека е затворена истрагата по кривичниот предмет, превземање на истражни дејствија НАДВОР ОД ОПФАТОТ НА КРИВИЧНОТО ДЕЛО ЗА КОЕ СЕ ТЕРЕТАМ во обвинителниот акт, при затворена истрага е најблаго речено САМОВОЛИЕ, стои во соопштението од Адвокатскиот тим на Рашковски.

Се додава дека обвинителката Трајчева има постапено спротивно од Законот за заштита на лични податоци, и тоа спротивно на член 84 со кој се вели дека (1) Само по претходно добиено одобрение од страна на Агенцијата се врши обработка на следниве лични податоци: – податоци што се однесуваат на здравјето на луѓето.

-Според моите сознанија Трајчева нема побарано одобрение за да се обработуваат моите лични податоци кои се однесуваат на моето здравје, се нагласува во информацијата.

Слични содржини