Претставничката на Литванија настапила во истиот фустан бидејќи немала пари за нов

од Stefanija Kuzmanovska

Едно од најголемите изненадувања во првата полуфинална вечер беше литванската претставничка на Евровизија, Моника Лиу (34), која ја изведе песната „Sentimentai“.

Оваа пејачка ја изведе својата песна на нејзиниот мајчин литвански јазик, што ѝ обезбеди влез во финалето. По нејзиното појавување на социјалните мрежи се коментираше нејзината невообичаено кратка фризура и целокупниот изглед на Евровизија. Оваа шармантна 34-годишна девојка на националниот избор во Литванија носеше ист фустан како и на Евровизија.

„Размислував за друг фустан, но пред се тој што ми се допадна беше многу скап. Освен тоа, сфатив дека фустанот што го имам е едноставно многу соодветен и веќе стана составен дел од мојот настап”, изјавила пејачката пред својот настап.

Слични содржини