Превентивно затворено училиштето во кое учат децата на заразената од коронавирусот во Атина

од Aleksandar Petrovski

Приватното средно училиште во кое учат децата на 40-годишната жена од Атина, заразена со коронавирусот, денеска е превентивно затворено, јави дописничката на МИА од Атина.

Од „Колеџ Атина“, соопштуваат дека по наредба на министерката за образование и по препорака на Националната организација за јавно здравје, училишните единици за средно образование, како и градинката денеска ќе бидат затворени, од превентивни причини.

Грчките медиуми објавија дека со 40-годишната, на патувањето во Италија, каде што и се заразила со вирусот, била и нејзината ќерка, која веднаш по враќањето во Атина, заминала на екскурзија во Лондон.

Слични содржини