Повреден пожарникар во Гостивар при гаснење на пожар

од Radmila Tasevska

Вчера вечерта пожар околу 20 часот избил во куќа на 62-годишниот И.У. во гостиварски Равен.

Од СВР Тетово информираат дека опожарен бил горниот дел од објектот.

При преземање мерки за гаснење на пожарот се повредил 43-годишниот пожарникар М.С. од гостиварско Речане.

Пожарникарот бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

Слични содржини