Принцот Хари се чувствува виновен поради расправијата со Кејт, би можел да се врати во Британија

од Stefanija Kuzmanovska

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон моментално е во болница по операција на абдоменот, а принцот Хари се чувствува виновен поради нивната расправија, вели извор близок до кралското семејство.

Според добро информиран извор, принцот Хари се чувствува „виновен“ откако се присетил на расправијата со принцезата од Велс додека таа моментално е во болница.

Бидејќи кралицата Камила и принцот Вилијам се очекува да се повлечат од кралските должности на одредено време, Хари е повикан да се врати од Калифорнија за да им помогне, открил изворот и додал дека постои можност Хари да се врати во Велика Британија, пишува Daily Mail.

Хари и неговата сопруга Меган Маркл биле длабоко погодени од веста за здравствените проблеми на принцезата Кејт и кралот Чарлс. Тие, наводно, биле во контакт со кралската канцеларија за да понудат поддршка и помош, и покрај затегнатите односи со кралското семејство.

„Иако се случија многу работи, ситуациите како овие го потсетија дека животот е краток, а семејството е важно. Се разбира, нема да се среди се преку ноќ, но го натера Хари да размислува за работите на поинаков начин“, изјавил добро упатениот извор за Closer.

Да потсетиме, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го напуштија кралското семејство и продолжија да живеат „нормален“ живот.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, неодамна заврши во болница поради операција на абдоменот, а по неа хоспитализиран беше и кралот Чарлс.

Слични содржини