Принцот Хари вели дека неговиот татко е љубоморен на Меган Маркл

од Vladimir Zorba

Принцот Хари во своите мемоари напишал дека неговиот татко, кралот Чарлс Трети, е љубоморен на неговата „брилијантна и волшебна“ сопруга Меган и дека му пречи и обемот на публицитет што го добиваат Вилијам и Кејт.

Во неговата долгоочекувана автобиографија „Spare“, која неочекувано беше објавена во Шпанија претходно, Хари пишува дека неговиот татко му рекол дека „нема пари за фрлање“ за да му помогне финансиски нему и на Меган, бидејќи се плашел дека „гламурознaтa“ aмериканска актерка би го украла целото внимание.

Тој тврди дека сегашниот крал Чарлс III „го доживеал тоа и порано и немал да дозволи да му се повтори“, алудирајќи на вниманието на јавноста во кое ужива покојната Дијана, принцезата од Велс.

По венчавката, додека Хари и Меган ги извршуваа службените должности како членови на кралското семејство, Чарлс финансиски ги поддржуваше, но тоа престана откако парот се пресели во САД.

Во книгата, исто така, се вели дека кралот неволно се согласил да им помогне на Вилијам и Кејт, иако заработувал милиони од Војводството Корнвол.

Слични содржини