Принцот Луис го слави петтиот роденден, кралското семејство објави нови фотографии

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Луис, најмладиот син на британскиот принц Вилијам и Кејт Мидлтон, денеска го слави својот петти роденден, а кралското семејство објави две нови фотографии од момчето.

На една од фотографиите е и неговата мајка Кејт.

Луис е четврти во редот за тронот, по неговиот татко, постариот брат Џорџ и сестрата Шарлот.

Според Би-Би-Си, автор на фотографиите е Мили Пилкингтон.

Инаку, кралското семејство веќе објави една фотографија оваа недела на денот кога кралицата Елизабета Втора ќе наполнеше 97 години. На неа таа е со внуците и правнуците.

Слични содржини